Јамал е бр.1 меѓу тинејџерите во ЛШ

25
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Мега – ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, продолжува да се впишува во историјата на Лигата на шампионите. 18-годишниот Шпанец постигна голови и асистираше во истиот натпревар од Лигата на Шампионите пред да наполни 20 години по трет пат во својата кариера – достигнување со кое може да се пофали само Килијан Мбапе.

Статистиката го става Ламине Јамал на врвот и по број на учество во голови (голови + асистенции) во Лигата на шампионите пред да наполни 19 години.

Шпанецот сега има импресивни 16 учества во голови – 8 гола и 8 асистенции. По него следуваат:
Килијан Мбапе – 13 (10 гола + 3 асистенции)
Раул Гонзалез – 7 (6 гола + 1 асистенција).

ПретходноНено одличен во победата на неговиот Баерн на гости кај Хапоел!
СледноЛЕ: Миовски и Ренџерс со убедлив пораз на “Драгао“, само реми во Белград! Познати се можните двојки за 1/16 финалето! (ФОТО)