Тимот на Работнички непрестано се засилува зимава, откако по крајот на есенската полусезона до Дебар Маало си заминаа голем број на играчи. Истите треба да бидат заменети секако, а менаџментот на тимот напорно периодов работи на оваа тема.
Последен во редот кој што зимава го засилува Работнички е искусниот Јован Попзлатанов.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа од Македонија ЃП, каде што последно играше, а во Работнички ќе ја пополсни празнината на бековската позиција.















