Владо Милев е нов одбојкар на унгарска Казинбарчика

77
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook)

Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев кој пред една недела го напушти шампионот Струмица и официјално се врати во Унгарија во неговиот поранешен клуб Казинбарчика. Како што потврдија од унгарскиот клуб,  Владо Милев потпиша договор со клубот до крајот на сезоната.

Милев освои две титули во лигата и еден Куп на Унгарија со Казинбарчика меѓу 2017 и 2019 година во две сезони поминати во истиот унгарски клуб. Потоа играше една сезона во Будва, Црна Гора, пред да се врати дома во Струмица.

ПретходноТрубин: Немав поим дека ни треба гол за пласман во следната рунда!
СледноНема промени: Арсенал е прв фаворит за ЛШ, ПСЖ падна на 7. место