Ливаковиќ доаѓа како позајмен играч за сума од 200.000 евра до крјаот на сеозната. Овој трансфер требаше да се случи уште пред повеќе од еден месец но турбуленциите во Фенербахче направија тој да се пролонгира се досега. Имаше проблеми со финансискиот дел, па Ливаковиќ класично се откажа од платата која што требаше да ја добива од Фенер, и до лето во Динамо ќе брани бесплатно.
Конечно, главниот проблем околу неговиот статус го направи тимот на Џирона кој што го позајми голманот, а потоа го „замрзна“ на клупата без да му довери ниту 1% од тоа што го вети.










