Нено одличен во победата на неговиот Баерн на гости кај Хапоел!

122
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Уште еден одличен настап на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ во Евролигата. Уште еднаш се покажа дека Македонецот е големото засилување за тимот на Светислав Пешиќ. Вечерва во меч од 25.коло, триумф на Нено и “баварците“ со 64:79 и тоа како гости против Хапоел. Колку за потсетување, до ова коло тимот од Израел беше водечки на табелата.

Македонскиот кошаркар на овој меч и тоа како одигра одлично. Забележа 11 поени, и по еден скок и една асистенција за 18 минути колку што беше во игра.

Претходно Фенербахче со 79:62 беше подобар од составот на Ефес.

ПретходноПрогласени најдобрите спортисти за 2025: Рустемовски, Попева, Одбојкарската селекција, Ибрагимов…(ФОТО)
СледноЈамал е бр.1 меѓу тинејџерите во ЛШ