Прогласени најдобрите спортисти за 2025: Рустемовски, Попева, Одбојкарската селекција, Ибрагимов…(ФОТО)

200

Вечерва се одржа традиционалната манифестација изборот на “Спортисти на годината“ за 2025. Во присуство на премиерот на Р. Македонија, Христијан Мицкоски како и во присуство на голем број познати спортисти, беа прогласени најдобрите за 2025 година.

За спортист на годината беше прогласен боксерот Ален Рустемовски кој го освои 2.место на ЕП до 23 години.No description available.

За најдобра спортистка беше прогласена Катерина Попева, која беше светска првенка во боди билдинг. За најдобар тренер/селектор беше прогласен Могамед Ибрагимов во борење.

Одбојкарската репрезентација на Македонија е најдобриот национален тим во машка конкуренција, додека ракометната го доби ова признание во женска конкуренција.

Инаку ова се најдобрите за 2025 година:

Спортист: Ален Рустемовски (бокс)

Спортистка: Катерина Попева (боди билдинг)

Млад спортист: Адријан Рустемовски (бокс)

Млада спортистка: Даниела Алексовска (џиу џицу)

Машки национален тим: Одбојкарска селекција

Женски национален тим: Ракометна селекција

Тренер/селектор: Могамед Ибрагимов

Најдобра федерација: Џудо федерацијата на Македонија

Претходно“Бомба“: Дон Флорентино со понуда тешка 100 милиони евра за дефанзивец од ПЛ!
СледноНено одличен во победата на неговиот Баерн на гости кај Хапоел!