Шарл Аколатсе (30) од Франција е најновото име во редовите на Работнички кој и тоа како е во офанзива во зимскиот преоден рок. Станува збор за играч од средниот ред кој има и државјнство на Того од каде е по потекло, но е роден во Париз.
Досега играл во неколку непознати клубови во Франција, Романија, Литванија, а интересно е тоа што во 2019 една недела се води како играч на Силекс.
Според Трансфермаркт неговата цена е 100.000 евра.
Работнички со него потпиша едногодишен договор.















