Хрватскиот селектор со жестоки критики кон ЕХФ, бргу стигна одговор!

1424
ФОТО: Hrvatski rukometni savez/FB

Ракометниот свет, а посебно Хрватите се во шок по се она што им се случува на “коцкестите“ на ЕП 2026. Од сместувањето, превозот, исхраната па се до распоредот.

По се ова денеска свој коментар имаше селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон кој упати жестоки критики кон ЕХФ, а воедно тој во знак на револт не се појави на официјалниот прес, туку имаше брифинг со хрватските новинари.

Откако Сигурдсон остро ја критикуваше Европската ракометна федерација (ЕХФ) за лоша организација, пристигна официјалниот одговор од кровната ракометна организација.
Хрватскиот селектор беше огорчен затоа што неговиот тим мораше да игра клучни натпревари за да се пласира во полуфиналето два дена по ред, а потоа да патува пет часа на нивниот единствен слободен ден до Хернинг, Данска, каде што ќе се игра финалето на турниро.

Ситуацијата е дополнително влошена од фактот дека Хрватска е единствениот полуфиналист кој се наоѓа на 40 километри од стадионот, додека другите репрезентации престојуваат во значително подобри услови. Германскиот селектор Алфред Гисласон, исто така, го поддржа во ова.
„Тие почнаа подоцна од нас, одиграа два натпревари еден по друг, а потоа мораа да патуваат подоцна. Затоа разбирам дека распоредот не е идеален. Сигурдсон е апсолутно во право, жал ми е“, кратко рече Гисласон.

Данските медиуми, кои внимателно го следат првенството, исто така објавија за изјавата на хрватскиот тренер. Данскиот новинар на ТВ2, Фредерик Јозефсен Карго, ја опиша напнатата атмосфера на прес-конференцијата.
„Атмосферата на прес-конференцијата брзо стана исклучително напната, а тишина завладеа во салата додека Дагур Сигурдсон ги искажа своите критики. Штом заврши конференцијата, Сигурдсон стана, ја зграпчи јакната и прв истрча низ вратата“, откри данскиот новинар.

Соочен со критики, ЕХФ испрати официјален одговор до данската ТВ2. Федерацијата наведува дека распоредот на натпреварите е договорен во соработка со организаторите многу пред почетокот на првенството, секогаш обидувајќи се да се најде рамнотежа во рамките на достапните временски термини.
„Сите релевантни засегнати страни се вклучени во процесот на донесување одлуки, вклучувајќи го и Комитетот на нациите, телото што ги претставува националните ракометни асоцијации“, соопшти ЕХФ. Тие исто така нагласија дека распоредот им е познат на сите национални тимови најдоцна од моментот на конечната ждрепка, која се одржува повеќе од шест месеци пред турнирот.

ПретходноВардар посилен за Николов и Торес!
Следно“БУМ“: Унаи Емери добил повик од Реал Мадрид?!