Завршен викенд во Хернинг. Во „Јиске Банк Боксен“ Арената не чекаат битки за место во финале, и еден меч за петтото место на Европското првенство.
Германија – Хрватска/ 17:45 часот/Меѓусебни дуели: 3-1-11
Со тесната победа од 27:25 против Унгарија во последното коло од главната рунда, Хрватска ја освои групата II во Малме, додека Германија заврши на второто место во групата I, зад Данска, по победата од 38:34 против Франција.
Ова е 10-то полуфинале на ЕХФ Европско првенство за Хрватска, која беше финалист во 2008, 2010 и 2020 година, но сè уште нема освоено злато. За Германија ова е седмо полуфинале на ЕП – титулата ја освоија во 2004 и 2016 година.
Хрватска и Германија шест пати се сретнале на ЕХФ ЕУРО натпревари – Хрватите имаат пет победи (вклучувајќи ја и онаа во главната рунда во Келн на ЕП 2024), додека Германија победи само еднаш, во 2002 година.
Селекторите Алфред Гисласон (Германија) и Дагур Сигурдсон (Хрватска) се двајцата Исланѓани – и дури заедно настапувале за исландската репрезентација.
Данска – Исланд/20:30 часот/Меѓусебни дуели: 14-3-6
Данска заврши на првото место во групата I со осум бодови и само еден пораз – во прелиминарната рунда против Португалија (29:31). Исланд беше втор во групата II со седум бодови, исто колку и Шведска, но пред нив благодарение на убедливата победа од 35:27 во директниот дуел.
Исланѓаните немаат играно полуфинале на ЕХФ ЕУРО од 2010 година, кога загубија од Франција во Виена (28:36).
Данска и Исланд последен пат се сретнаа на ЕХФ ЕУРО 2022, кога Данците победија во прелиминарната рунда со 28:24.
Данска досега 10 пати играла полуфинале на Европско првенство и двапати ја освоила титулата, додека Исланд само двапати настапил во полуфинале.
Претходно во битката за петтото место ќе се сретнат Португалија и Шведска, мечот стартува во 15 часот.










