Очекувано, Вардар си ја искажа сета своја класа и успеа да слави против Слован со 41:30 во полуфиналето на “Labin handball cup“ во Лабин вечерва. Во текот на целиот меч некогашниот двоене европски првак беше подобар, одигра сосема квалитетно за оваа фаза од тековните подготовки и на крајот заслужено славеше убедлива победа. А против себе имаше силен тим, првак на Словенија. Освен на почетокот на второто полувреме, кога Слован се закани и ја намали разликата на 21:20, се беше на страната на македонскиот тим. Тренерот Иван Чупиќ имаше добра шанса да ја провери моменталната форма на своите избраници.
Во првиот меч, односно во првото полуфинале, Загреб со 24:22 славеше против Сесвете. Па така во утрешното финале се среќаваат Вардар и Загреб.










