Утре екипата на Вардар во рамките од подготовките во Сиде, Турција ќе одигра пријателски меч против тимот на Сараево. Колку за потсетрување во Сараево еден од главните играчи е Стефан Ристовски, а спортски директор е Крсте Велкоски.
Пред некој ден Саераево беше поразен од Шкендија со 2:3.
Оној последниот меч од првичниот распоред против тимот на Алашкерт сеуште е закажан за 2 февруари и нема измени по тоа прашање.
По ова експедицијата на Вардар се враќа дома, каде што ќе ги финишира подготовките за пролетниот дел во кој Вардар ќе оди на титулата.















