„Генералката“ на Вардар ќе биде против Осогово

187

Тимот на Вардар сеуште се наоѓа на подготовки во Сиде, Турција, каде што ќе остане точно 21. ден.

Избраниците на Гоце Седлоски повеќе од две недели како се во базата во Турција, и таму и им преостана да го одиграат уште пријателскиот меч против тимот на Алашкерт на 2 февруари.

Следнито ден Варадр се враќа дома, а пред стартот на ПМФЛ пролетната полусезона ќе го одигра и мечот против тимот на Осогово, како „генералка“ пред првенството.

Мечот ќе се одигра на стадионот Никола Мантов во Кочани, на 07.02.2026 година во 14:00 часот.

Вардар во првото пролетно коло се среќава со тимот на Арсими на домашен терен.

 

ПретходноВујовиќ ја предупреди Хрватска: Се плашам да не има некакви игри! Нè прават сите будали!
СледноПоради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован