„Маратонот“ против Синер е за Новак Ѓоковиќ

820

Новак Ѓоковиќ ќе игра уште едно Гренд Слем финале откако предмалку во вистинскиот тениски маратон кој што траеше повеќе од четири часа во полуфиналето на Автралија Опен го совлада со конечни 3:2, Јаник Синер и на тој начин си обезбеди завршен меч со Карлос Алкараз.

Легендарниот србин направи овој дуел да биде еден од оние историските за него. Со полни 38. години Новак успеа да го совлада далеку помладиот ривал со 3:2 по сетови, (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4).

Самиот меч имаше  резултатска „клацкалка“ во која Синер го доби првиот сет, за Ѓоковиќ да израмни, па Синер повторно да поведе. Ѓоковиќ искусно повторно прави 2:2, а во последниот сет и да го направи клучниот брејк гем со кој што и дојде до големиот триумф.

 

ПретходноХристов: Попусто сработеното во Анталија, ако во првенството не сме како што треба
СледноМиленкоски останува селектор на Македонија и за Европското 2026