Официјално: Риера е нов тренер на Франкфурт!

41
ФОТО:facebook.com/eintracht

Сега веќе е официјално и дефинитивно. Алберт Риера е новиот тренер на Ајнтрахт Франфурт. Досегашниот стратег на Цеље, со кој клуб имаше големи успеси, па и во Европа, вечерва беше промовиран од страна на германскиот клуб како нов тренер. Како што се потенцира, Шпанскиот стратег својата нова екипа ќе ја преземе во понеделник.

Инаку интересно е тоа што во изминатиот период, пред Дејан Станковиќ да се врати на “Маракана“, токму Риера се споменуваше како нов тренер на Ц. Звезда. Имапло и преговори, но сепак до договор не дојде.

Но затоа Риера има договор со еден од најголемите германски клубови до 30 јуни 2028.

ПретходноВо дербито на дното: Гостивар убедлив против Ангели!
СледноВардар го “реши“ Слован и се пласира во финалето на “Labin handball cup“!