Вардар со дополнителен тест меч против Сараево

151

Утре екипата на Вардар во рамките од подготовките во Сиде, Турција ќе одигра пријателски меч против тимот на Сараево. Колку за потсетрување во Сараево еден од главните играчи е Стефан Ристовски, а спортски директор е Крсте Велкоски.

Пред некој ден Саераево беше поразен од Шкендија со 2:3.

Оној последниот меч од првичниот распоред против тимот на Алашкерт сеуште е закажан за 2 февруари и нема измени по тоа прашање.

По ова експедицијата на Вардар се враќа дома, каде што ќе ги финишира подготовките за пролетниот дел во кој Вардар ќе оди на титулата.

ПретходноЗошто на ракометот му требаше Сигурдсон и неговата изјава дека ЕХФ е компанија за брза храна?
СледноЛШ плеј-оф: “Специјалниот“ повторно против “кралевите“! (ФОТО)