Вујовиќ ја предупреди Хрватска: Се плашам да не има некакви игри! Нè прават сите будали!

1039

Денеска стартуваат битките за пласман во финалето на Европското првенство. Германија и Хрватска ќе ги одмерат силите во 17:45 часот, по што следува дуелот меѓу Данска и Исланд (20:30 часот). Изминатите денови постојано слушавме критики од страна на тренерите и играчите за згуснатиот распоред и негрижата од страна на ЕХФ.

Најгласен беше селекторот на Хрватска, Сигурдсон кој го откажа тренингот, а играчите истакнуваат дека не се чувствуваат како да се на полуфинале на ЕП. За „Индекс.хр“ целата ситуација ја коментираше Веселин Вујовиќ, кој

„Хрватска досега веќе направи фантастичен успех со пласманот во полуфиналето. Во ваков состав, особено по повредата на Звонимир Срна и многуте други проблеми што ги следеа, да се стигне до полуфинале на Европско првенство – најсилното натпреварување во ракометот – е голем подвиг.

Убеден сум дека Германија е противник со кој Хрватска може да игра, без оглед на тоа што Германците ги „разбија“ Французите, кои според мене, заедно со Швеѓаните, се најголемото разочарување на турнирот. Знам дека Хрватска има силен патриотски мотив, дека го има тој менталитет карактеристичен за нашево поднебје и дека сето ова може дополнително да ги мотивира да дадат максимум од себе.

Единствено се плашам да не видиме некакви „игри“ на теренот. Бевме сведоци на натпреварот меѓу Шведска и Унгарија, каде што судиите гледаа ВАР и во ситуација во која секој што барем малку разбира ракомет гледа дека станува збор за одбрана од голманскиот простор, тие не досудија ништо, рекоа дека сè е чисто и го означија крајот. Нè прават сите будали, а никому не му фали влакно од глава.

Единствениот што тука може да биде казнет е Дагур, а ако тоа го дозволи Хрватскиот ракометен сојуз, тогаш навистина… Во тој случај би бил подготвен да ја повлечам репрезентацијата од натпреварот. Нека се направи најголемата јавна срамота.

Ракометот е единствениот колективен спорт во кој тренерот нема опција за „челинџ“ и проверка на спорна ситуација. Сите модерни спортови го имаат тоа. Правила практично не постојат, нè влечат како камен кон дното, а ракометот се забрза, имаме одлични играчи, публиката ги полни салите. Наместо да им се даде повеќе простор и подобри услови на играчите, тие воопшто не размислуваат за тоа.

Би сакал да верувам дека ова не е насочено против хрватската репрезентација и хрватските играчи, туку дека тие се само колатерална штета, но влогот е навистина огромен. Противник е Германија, за која знаеме какво влијание има во ЕХФ, и апсолутно не ми се допаѓа што на ваков начин воопшто разговараме за тоа.

Наместо на убав начин да го најавиме полуфиналето на ЕП, да објасниме кој какви шанси има, каде се предностите и да ги истакнеме одличните игри на Хрватска, ние зборуваме за овие работи. Тоа е апсолутно недозволиво“, рече тој.

Целото интервју и анализа можете да ја прочитате ТУКА. 

ПретходноМареј го расипа враќањето на Портер Јуниор во Колорадо!
Следно„Генералката“ на Вардар ќе биде против Осогово