Карлос Алкараз и Александер Зверев одиграа неверојатен меч на Австралија Опен, победникот беше решен после пет часа и 27 минути и пет сета. Ова е рекорд, бидејќи е најдолгото полуфинале. Соборен е рекордот од 2009 година што го држеа Рафаел Надал и Фернандо Вердаско
Шпанецот славеше со 3-2 по сетови 6-4, 7-6, 7-7, 6-7 и 7-5. Фановите во Мелбурн видоа вистинска гладијаторска битка, бидејќи од вториот сет гледавме серија на тајк-брејкови.
Шпанскиот тенисер ги доби првите два сета (6-4 и 7-6), се чинеше дека цврсто зачекори кон финалето, но следеше неверојатен кам-бек на Германецот, после тај-брејк.
И петтиот сет не беше ништо поразличен, Шпанецот се најде на чекор од победа, при 6-5, на сервис на Зверев успеа да оддолее на неговите напади и да слави со 7-5.
Во финалето Алкараз ќе игра против подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Синер.










