Данска полета кон финалето – еден меч ја дели од „триплета“

80
Фото: ИХФ/Колектив

Во преполната „Јиске Банк Боксен“ Арената видовме одлична полуфинална пресметка, која на крајот им припадна на данските ракометари, откако славеа против Исланд со 31-28 (14-13). Во финалето кое на програмата е во недела, ќе играат против Германија. Ова ќе биде шанса за Данска да дојде ги комплетира трите круни после освојување на Светското првенство и Олимпијадата.

Гидсел со седум гола беше прв стрелец кај победникот, шест имаше Хансен. На другата страна Самарсон имаше осум погодоци.

Данска пред две години беше поразена од Франција во финалето, сега ќе има шанса да дојде до златниот медал после 14 години, последен пат беше првак во 2012 година.

Исланд на дело покажа зошто се најде на завршниот викенд, одлично му се спротистави на домаќинот, беше тактичко добро подготвен и држеше невидено темпо. Во седмата минута имаше позитива 3-6, но актуелниот светски и олимписки првак нешто подоцна со серија од 3-0 поведе со 9-8. Се играше изедначено до одморот, Данска замина со позитива од еден гол 14-13.

Иста слика гледавме во вториот дел, со тоа што на средината нa второто полувреме, Данска успеа да дојде до првото водство од три гола (23-20). Ландин после одбраната на Мелер, ги донесе првите плус 4 (27-23) во 52-та минута. Од овој момент Данците почнаа да маршираат кон финалето.

 

ПретходноСе враќа најдобриот, се враќа Никола Јокиќ!
СледноЦ.Звезда ја продолжи победничката серија во Евролигата!