Плеј оф во ЛЕ: Звезда против Лил, Динамо на дуел со Генк

135

 

Откако заврши ждрепката за елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, следуваше секако онаа за Лигата на Европа.

Во неа имаме неколку интересни и пред се неизвесни дуели. Тука пред се се мисли на оној во кој белградска Црвена Звезда оди на дуел против тимот на Лил од Франција, додека пак тимот на Динамо Загреб ќе се обиде да го елиминира силниот белгиски претставник Генк.

Фенербахче ќе го пречека тимот на Нотингем Форест, додека паск ПАОК ќе оди на дуел со шпанска Селта.

Натпреварите од првата нокаут рунда во натпреварувањето се играат на 19 и 26 февруари.

Ден подоцна ќе се одржи и ждрепката за осминафиналната фаза, каде што веќе чекаат Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома.

Лудогорец – Ференцварош
Панатинаикос – Викторија Плзен
Динамо Загреб – Генк
ПАОК – Селта
Селтик – Штутгарт
Фенербахче – Нотингем Форест
Бран – Болоња
Лил – Црвена Звезда

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: А.С. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.004.068 ДЕНАРИ
СледноАлександар Полимац замина во ИМТ Београд