Пријателски во Анталија: Тиквеш со реми, Пелистер со пораз!

77
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Утринава две наши екипи одиграа пријателски мечево Анталија и тоа со екипи од Узбекистан.

Тиквеш одигра против Кизилкум 0:0. Ова беше трета и последна контрола за тимот на стратегот Борче Христов. Второ реми и една победа, значи Тиквеш без пораз се враќа дома. Јасно е дека кавадарчани во добра форма ќе го пречекаат стартот на пролетниот дел во ПМФЛ.

Пелистер беше поразен од Пахтакор со 0:1, со примен гол во првото полувреме. Да потсетиме дека овој тим пред неколку дена едвај се спаси од пораз на контролата со Струга ТЛ.

И за битолчани ова беше последен тест во Анталија, утре тие се враќаат дома.

ПретходноКФСМ ги потврди најавите на СпортСпорт: Ѓорѓи Кочов е дел од стручниот штаб на Шпанецот!
СледноЗошто на ракометот му требаше Сигурдсон и неговата изјава дека ЕХФ е компанија за брза храна?