Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија победничката серија во Евролигата. Вечерва во Арената во Белград, во натпревар од 25-то коло од елитното натпреварување, црвено-белите го победија тимот од Дубаи со 95:92.
Ова е 15-та победа на Звезда во сезоната и уште еден голем чекор кон квалификациите за плејофот, додека гостите од Емирати останаа на 11 триумфи.
Најзаслужен за победата на избраниците на тренерот Саша Обрадовиќ беше извонредниот Ебука Изунду со 18 поени и осум скока и индекс на корисност од 25, додека Џордан Нвора беше најефикасниот играч на црвено-белиот тим со 22 поени вечерва.
Во Дубаи, подобри од другите беа Мфионуд Кабенгеле со 24 и Двејн Бејкон со 19 поени.
На останатите средби, Монако на свој терен беше поразен од Виртус со 82;84, а Басконија го победи Жалгирис со 102:91.










