Алаѓозовски: Задоволен сум од подготовките, ни преостанува уште дуелот со Петрич

66

Екипата на Брера, сеуште се наоѓа на базичните подготовки во Грција, каде што условите за работа се одлични. Струмичани се задоволни од престојот таму, а импресиите ги пренесува шефот на стручен штаб, Марин Алаѓозовски.

„Засега се е во ред. Задоволен сум од она што во моментов го работиме, и реакцијата на играчите. Напорните тренинзи си го прават своето, сеуште сме во таа „тешка фаза“ што се вели, но до стартот на шампионатот ќе биде се во ред. Имаме уште еден закажан пријателски меч, тука, за утре против тимот на Петрич, а потоа се враќаме дома. Засилувањата се тука, оние што ги промовиравме, а во потрага сме шо уште еден стопер и играч за врска“ – вели Алаѓозовски за Спортспорт па додава.

„Ќе биде тешка полусезона, свесни сме за тоа. Опстанокот е приоритет, а се останато е само плус. Имаме млади тим, девет играчи на подготовките се генерација 2008, 2009. Брера одсекогаш имала таква политика на форсирање млади играчи и од тоа не одстапуваме“ – додава Алаѓозовски.

 

ПретходноОпштина Битола со еден милион денари за подготовките на Рустемовски за Олимпијадата!
СледноГрилиш со тешка повреда, настапот на СП е неизвесен!