Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Александар Полимац е нов член на тимот на ИМТ Београд.
Досегашниот член на тимот на Партизан заминува во амбициозниот клуб, каде што очигледно смета дека ќе добие вистинска минутажа, шанса, и секако сениорско деби.
ИМТ Београд е тим кој што во принцип дава шанса на млади и перспективни фудбалери желни за докажување, каков што токму е Александар Полимац.
Изразито лево крило кое што има напаѓачки предиспозиции и кои што голот и асистенцијата му се што се вели неизбежен елемент во играта.
Момчето родено во Ирска, има настапи за нашата млада репрезентација, а секако се надеваме дека тој терк ќе продолжи и понатаму.
View this post on Instagram










