Дома Ракомет ЕХФ ги одреди шеширите: Познато е кого Македонија ќе одбегне на патот...

ЕХФ ги одреди шеширите: Познато е кого Македонија ќе одбегне на патот кон СП 2027

286

Европската ракометна федерација и официјално ги потврди шеширите пред утрешната ждрепка за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2027 година која ќе се одржи во Германија.

Македонија се најде во првиот шешир тоа значи дека ќе ги одбегне најголемите фаворити, но има и „нагазни“ мини кога станува збор за вториот шешир.

На СП директно се пласираат Германија како домаќин, Данска како светски првак, како и Хрватска и Исланд, како и Шведска и Португалија, кои ќе играат за петтото место.

Македонија ќе ги одбегне: Словенија, Франција, Норвешка, Шпанија….А има шанси да се падне со Италија, Србија, Црна Гора, се зависи од победниците од пресметките кои дел од репрезентациите ќе ги играат во вториот бараж.

ЕВРОПА БАРАЖ
1 ШЕШИР:
Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Ф. Острови, Македонија, Холандија, Австрија

2. ШЕШИР: Италија, Чешка, Србија/Литванија, БиХ/Косово, Финска/Ц. Гора, Грузија/Израел, Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Полска/Летонија

СП 2027
Вкупно учесници: 32
Директно пласирани: Германија (домаќин), Данска (Светски првак)
Азија: Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт (1-4 место на Азискиот шампионат)
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај (1-4 место на Јужноамерикански шампионат)
Африка: Египет, Капе Верде, Алжир, Тунис, Ангола/Мароко (1-5 место на Африкански шампионат)
Европа: Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска (1-6 место на ЕП) +10 победници во вториот бараж
Северна Америка и Кариби: Првак на шампионатот
ИХФ: Валјд карти х2

Ждрепката за бараж натпреварите ќе се изврши на 31 јануари (сабота) со почеток од 15:00 часот во Хернинг, Данска.
ПретходноАлександар Полимац замина во ИМТ Београд
СледноЛапорта потврди дека зимскиот преоден рок за Барселона е завршен!