Познато е дека мега – ѕвездата на Лејкерси и тоа како ги следи настапите на Новак Ѓоковиќ. Секој успех на најдобриот на сите времиња, Словенецот преку своите социјални мрежи и тоа како знае да ги поздрави. Така и по она што денеска се случуваше во Мелбурн, по она епско полуфинале со Јаник Синер, во кое Новак победи со 3:2 во сетови и се пласираше во финалето, Дончиќ се огласи на социјалните мрежи со фото како на ТВ го гледа мечот во Мелбурн.
Секако дека ако е во можност, тој ќе навива за Новак од САД во недела наутро од 09.30 часот за кога е закажано финалето.










