Иако играа за петтото место на Европското првенство, сепак видовме драма на дуелот меѓу Португалија и Шведска. Победникот беше Португалија која славеше со минимални 36-35 благодарение на еден од своите најдобри ракометари. Мартим Кошта со звукот на сирената донесе голема радост во редовите на својата репрезентација. На овој начин Португалија успеа да дојде до најдобриот пласман на Европските првенства.
Мартим Кошта беше прогласен за најдобар играч на мечот, зад своето име запиша девет гола, додека неговиот брат Франициско Кошта беше стрелец на седум гола. Кај Шведска, Сандел имаше 11 погодоци.
Во Хернинг на програмата се главните битки за финале: Хрватска игра против Германија во 17:45 часот, додека Данска ќе се соочи со Исланд во 20:30 часот.










