Јошко Миленкоски ќе ја предводи македонската машка одбојкарска репрезентација и на завршницата на Европското првенство 2026. Најистакнатото тренерско име на македонската одбојкарска сцена во последните децении и официјално се договорил со Одбојкарската федерација на Македонија да го предводи националниот тим и на четвртиот настап на завршниците на континенталните првенства.
Денеска во интервју за Спортското радио 90.3 фм, Миленкоски потврди дека по разговорите со челните луѓе на Федерацијата, но и на инсистирање на дел од одбојкарските репрезентативци, реши да го заврши овој циклус на кормилото на националниот тим.
„Минатата година со Федерацијата се договоривме да се обидеме да го оствариме овој голем успех со новиот пласман на европското првенство и со тоа да завршиме. Меѓутоа, на инсистирање на голем дел од играчите, јавноста и членовите на Упрваниот одбор, седнавме и се договоривме да продолжиме соработката до крајот на европското првенство и со тоа да заокружиме една убава приказна и да почне подмладувањето на репрезентацијата. Мислам дека ќе беше некоректно да се повлечеме сега пред еден ваков голем настан. Заедно го почнавме овој настан и заедно треба да го завршиме“, изјави Миленкоски.
Македонската репрезентација во јуни ја очекува настап во Европската лига 2026 која од оваа година е квалификациски дел и за следното Европско првенство 2028 година. Настапот на ЕП 2026 не очекува во септември во Софија, Бугарија.










