Новак: Синер ме туркаше до максимум, се ме потсетува на дуелите со Рафа

537

Новак Ѓоковиќ предмалку избори уште едно големо Гренд Слем финале. На првиот голем турнир оваа година, Ѓоковиќ во полусиналето со 3:2, беше подобар од Јаник Синер, во дуел кој што траеше повеќе од четири часа, и на тој начин обезбеди финален дуел со Карлос Алкараз.

Новак има веќе полни 38. години но и како ветеран што се вели е меѓу најдобрите на светот. Ништо не му можеше денеска ниту 24. годишниот Синер, иако со сета сила пробуваше да го совлада легебдарниот србин.

„Изгубив зборови. Господе, не знам од каде да почнам. Се е ова нереално од самиот старт. Се ме подсеќа на дуелот со Надал во 2012 година. Мислам дека ова беше висок квалитет на тенис. Загубив пет последователни мечеви против него. Го имаше мојот број на телефон, па се трудев да го променам. Голем респект кон него, одличен тенисер. Ме туркаше до самиот лимит. Благодарност до сите што ме поддржуваат. Не можам да кажам доволно благодарам. Ја сакам таа наша заедничка врска. Ова е една од најубавите ноќи мои минати во Австралија. Мислам дека не погрешив кога кажав дека овие момци играат фантастичен тенис. Но и јас ги потсетив дека сум сеуште на високо ниво. Го гледав првото полуфинале. И тие двајца одиграа фантастичен меч“ – рече Новак Ѓоковиќ по дуелот со Синер.

ПретходноМиленкоски останува селектор на Македонија и за Европското 2026
СледноМартим Кошта со звукот на сирената и го донесе најдобриот пласман на Португалија!