Општина Битола со еден милион денари за подготовките на Рустемовски за Олимпијадата!

30
ФОТО:facebook.com/OpstinaBitola

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со ова престижно признание.

Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.

Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“ вели Коњановски.

Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Рустемовски.

Со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.

По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.

 

ПретходноНовак за тие што велеа дека е пропаднат тенисер: “Нешто кажавте?“
СледноАлаѓозовски: Задоволен сум од подготовките, ни преостанува уште дуелот со Петрич