Не е тајна дека во последните години КК Работнички е во агонија. Некогаш гигантот во мак – кошарката со години не знае што е трофеј во првенството. Клубот е во агонија, се бараат модуси како да се решат проблемите и КК Работнички да дојде на ниво на МЗТ Скопје, ама тоа тешко оди.
Токму затоа навивачката група Сити Парк Бојс во неколку наврати истакнуваше дека има намера да ги бојкотира натпреварите на Работнички, а вечерва тоа и го официјализираа преку своите социјални мрежи.
Освен пораката за бојкот, фановите бараат и оставка од раководството на клубот.
Еве го целото соопштение на “Сити Парк Бојс“:
„Чашата е прелеана!
Долги години нашиот миленик КК Работнички тоне во долгови и се мачи од сезона во сезона да скрпи крај со крај поради криминалците во одела во управата и стручниот штаб. Ние бараме оставка од управата во најкус можен рок и отчет на сите влезни и излезни средства од КК Работнички кој за нас е светост, а за некого очигледно само бизнис проект!
Затоа одлучивме да ги бојкотираме сите домашни натпревари (на туѓ терен) на нашиот миленик.
Борбата за нас почнува во овој момент!!! стои во соопштението на Сити Парк Бојс.










