Германија ја оправда фаворитската улога против Хрватска, славеше со 31-28 и се пласираше во финалето на Европското првенство каде ќе игра против подобриот меѓу Данска и Исланд. Поразениот пак од оваа втора полуфинална двојка ќе игра за бронзениот медал против Хрватска.
Германија после 10 години се враќа во финалето на ЕП, последен пат играше во 2016 година кога освои и златен медал.
Првото полувреме мина во изедначена битка, но после 17-15, Германија со серија од 5-0 успеа да поведе со 22-16 и да чекори кон триумфот. Хрватска единствено што успеа да направи е да дојде на минус два во самиот финиш.
Зербе со шест гола беше прв стрелец, ист број на голови на другата страна имаше Мандиќ.










