АО: Рибакина ја “скрши“ Сабаленка и го освои трофејот во Мелбурн!

323
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Изненадување или не? Елена Рибакина е освојувач на првиот гренслем трофеј за оваа 2026 година и тоа на АО. Тенисерката од Казахстан, предмалку во големото финале успеа да ја победи големата фаворитка и прва на ВТА листата, Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и со тоа да дојде до својот втор шампионски трофеј на гренслемовите по оној на Вимблдон во 2022 година.

Секако дека ова е голем удар за популарната Сабаленка, но сепак Рибакина беше подобра во ова финале и на крајот заслужено триумфираше.

Елена го доби првиот сет со 6:4, во вториот сет Сабаленка врати со истиот резултат, а во третиот и решавачки иако Рибакина знаеше како да дојде до конечна победа, не направи некој посебен кикс и на крајот следуваше голема радост за нејзе и нејзините фанови.

Ако не успеа лани кога беше поразена во финалето на АО, тогаш сега и тоа како успеа. Инаку следевме голема битка која траеше 2,5 часа.

ПретходноНовак Ѓоковиќ одлучи да не излезе на терен
СледноМЗТ Скопје и ТФТ ја продолжуваат трката за врвот!