Вардар 1961 не успеа да го освои Лабин Купот, откако во финалето беше празен од Загреб со 34-26.
Најтрофејниот ракометен колектив беше рамноправен противник во првото полувреме, но потоа целосно падна во вторите 30 минути.
Хрвтаскиот тим на одморот замина со минимална позитива од 16-15. Загреб го отвори второто полувреме многу подобро, не им дозволи на „црвено-црните“ да се чувствуват комотно, на стартот на 50-та минута поведе со 30-23. Овој резултат беше доволенз за да домаќинот зачекори цврсто кон победата.
Ова беше последен тест за избраниците на Иван Чупиќ пред продолжение на сезоната.










