Откако вчера во епското полуфинале Новак Ѓоковиќ успеа да го победи Јаник Синер со 3:2 во сетови и со тоа да се пласира во големото финале, во кое ќе оди по својата 25-та гренслем титула, речиси сите познати “фаци“ во тенисот се огласија. А тоа го направи и Горан Иванишевиќ, некогашниот тренер на најдобриот на сите времиња.
Еве што кажа Хрватот, за СпортКлуб.рс, за полуфиналето, но и за она што го чека Ноле во финалето против Карлос Алкараз:
„Само ќе ви кажам дека Ноле е тениски Бог. Сакам да победи во недела“, посочи Иванишевиќ, кој постигна голем успех со Новак, вклучувајќи ги и титулите на Отвореното првенство на Австралија во 2021 и 2023 година.
„Според мене, тоа е натпревар 50-50, а влоговите се високи за двајцата. Нема замор, финале е, премногу е во игра и за двајцата. Што ќе даде Бог, тоа ќе биде“, заклучува Иванишевиќ.










