Трајковски прескокна 7.82 метри за трето место на митингот во Полска

153
фото: AK Rabotnicki (FB)

По првиот настап во сала оваа сезона на 20 јануари во Архус (Данска), каде што го освои второто место со скок од 7.38 м, денеска нашиот атлетичар Андреас Трајковски настапи на атлетскиот митинг во Горзов (Полска) и блесна со одличен резултат од 7.82 метри, резултат вреден 1098 бода според таблицата на Светска Атлетика.

Со овој скок Андреас го освои третото место на митингот, кој е со сребрена етикета од континенталните митинзи под покровителство на Европска Атлетика, и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток на сезоната.

Овој резултат ќе придонесе Андреас да се искачи високо на Европската ранг листа која ќе се ажурира во понеделник. Првото место му припадна на Лука Херден (Германија) со 8.18 м, додека втор беше Лестер Лескеј (Шпанија) со 8.03 м.

ПретходноТиквеш ја доби драмата со Кожув, Пелистер после продолжение го освои Чаир
СледноВардар 1961 поразен од Загреб во финалето!