Младиот македонски кошаркар Андреј Шошкиќ имаше уште една одична престава во американската ЦАА лига во дресот на екипата на Стони Брукс. Во новиот меч против колеџот Елон, Стони Брукс славеше со 72:68, а нашиот кошаркар беше прв стрелец за својот тим со 17 поени, на кои додаде и 8 скока и 4 асистенции.
Тимот на Шошкиќ моментно е на третото место во ЦАА лигата со скор 6-4.










