Тимот на Вардар во претпоследниот пријателски дуел на подготовките во Сиде, Турција, одигра без голови 0:0 против екипата на Сараево.
„Црвено – црниот“ состав накнадно го закажа овој дуел со екипата од Босна, а преостанува уште да се одигра дуелот со екипата на Алашкерт.
Вардар го стартуваше овој дуел во најсилниот состав, оној кој што ги одигра грото од минутите во на овие подготовки. Во првиот дел и немаше некоја посебна шанса, додека во вториот дел, ситуација имаше новитетот Цветковиќ кој што на асистенција на Закариќ погоди за водство, но голот беше поништен поради офсајд.
Противникот пак преку Оливеира имаше две зицер ситуации но и во двете одбраната на Вардар реагираше како што треба.















