Гидсел го израмни рекордот на Лазаров од 2012 година!

155

Еден ден не дели до финалето на Европското првенство, а таму ќе се сретнат Данска и Германија, мечот се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ Арената.

Матијас Гидсел после осум одиграни мечеви има 61 гол, оваа бројка ја постигна и најдобриот португалски репрезентативец, Франциско Кошта. Двајцата ракометари го израмнија рекордот на Кирил Лазаров од 2012 година со тоа што лидерот на Данска може да влезе во историјата на Европските првенства.

На Гидсел му недостигаат уште четири гола за да се израмни со Сандер Сагосен, кој во 2020 година постигна 65 гола, но ќе има шанса да стане најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

ПретходноЧервар за ЕП: Луѓето се плашат да зборуваат! На мечот на Хрватска гледавме дополнително „шоу“!
СледноТрамп откри неверојатен план – до лето ќе изгради стадион покрај Белата куќа