Еве колку заработи Рибакина по триумфот на АО!

354
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Тенисерката од Казахстан, Јелена Рибакина, која е рангирана на петтото место на ВТА ранг-листата, е победничка на Австралија Опен. Таа ја победи двократната победничка во Мелбурн и број еден во светот, Арина Сабаленка, со 6-4, 4-6, 6-4 во финалето на првиот тениски турнир гренслем во сезоната. Финалето кое траеше два часа и 18 минути ѝ донесе и богата награда. Вкупниот награден фонд оваа година изнесуваше 65,5 милиони евра, што е за речиси 16 проценти повеќе отколку во 2025 година. Ова е најголемиот скок на наградниот фонд во историјата на турнирот. Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат зголемување од 19 проценти оваа година во споредба со последното издание на турнирот. Рибакина со тоа заработи околу 2,44 милиони евра. Поразената белоруска тенисерка доби 1,26 милиони евра. Истата сума ќе ја добијат и финалистите во машка конкуренција, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ. Победникот 2,44 милиони евра, а поразениот 1,26 милиони евра.

Да потсетиме утрешната мега – пресметка во Мелбурн е закажана за утре од 9.30 часот по македонско време.

ПретходноНадал ќе го гледа финалето во Мелбурн: Ако победи Ѓоковиќ за мене нема да биде драматично!
СледноСелекторот на Хрватска: “Среќен сум што ЕХФ ги прифати замерките“!