Елиф и Наполи со триумф над Фиорентина

98

Тимот на Наполи на домашен терен успеа да обезбеди уште една Серија А победа откако предмалку го совлада со конечни 2:1, тимот на Фиорентина.

Домаќинот поведе рано во мечот уште во единаесетатта минута преку Вергара. Гутиерес во 49. минута зголеми на 2:0, а само осум минути подоцна гостите преку Соломон намалија на 2:1.
Сепак, и покрај напорите Фиорентина не успеа да стигне барем до бод на овој дуел.

Елиф Елмас за домашните ги одигра сите деведесет минути. Наполи со оваа победа има  46 поени и е трет на табелата додека Фиорентина со 17 бода е осумнаесети.

 

ПретходноЕве зошто Бодо/Глимт има коса црта во името!
СледноЧелзи се врати од 0:2 и го совлада Вест Хем