Надал ќе го гледа финалето во Мелбурн: Ако победи Ѓоковиќ за мене нема да биде драматично!

220

Двократниот освојувач на Австралија опен, а пред сè „кралот на земјените терени“, Рафаел Надал, пристигна во Мелбурн и ќе го следи финалето меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Алкараз ќе го игра своето прво финале на Австралија опен, додека Новак ќе настапи по 11-ти пат, при што треба да се додаде дека Ѓоковиќ има максимален учинок во досегашните финалиња.

„Имав среќа што во авионот можев да го гледам првиот полуфинален меч, вториот не целосно бидејќи токму тогаш слетував. Одличен ден за навивачите, емотивен, создава прекрасни спомени. Уште еднаш ќе имаме фантастично финале на Австралија опен“, изјави Рафаел Надал.

Рафa истакнува дека му недостигаат емотивните и долги борби.

„Искрено, чувствата ми се поинакви, толку долго давав сè од себе, а сега повеќе гледам како навивач. Луѓето уживаат во тоа, недостигаат тие емотивни, долги борби, кога физичкиот аспект има поголемо влијание, тогаш и публиката е повеќе вклучена. Мечеви во три сета, многумина веќе не ги паметат…“

За кого ќе навива?

„Ќе биде уживање да се гледа финалето, сакам да уживам во голема борба и добар тенис. Со Новак имаме неверојатна историја, се натпреварувавме на највисоко ниво и му посакувам сè најдобро, но Алкараз е мој сонародник, делевме и терен на Олимписките игри. Сепак, ако Новак победи, ќе бидам среќен за него, нема драма за мене, тој тука испишува историја“, рече Рафаел Надал.

Верува дека и самиот сè уште би играл доколку не беше повреден.

„Верувам дека, да не бев повреден, и јас ќе играв уште. Ако не си повреден и не си премногу исцрпен, зошто да не? Новак е позитивен пример за посветеност и издржливост, убаво е да се има некој како него што се бори со помладите тенисери. Новак не е во најдобрите години, но и тоа како може да се натпреварува. Тој заслужува огромна почит“, заклучи Рафаел Надал.

ПретходноЧешмеџиев со трансфер на Исланд! (ФОТО)
СледноЕве колку заработи Рибакина по триумфот на АО!