Дури сега се знае зошто Карим Бензема нема да го продолжи договорот со Ал-Итихад и зошто одбил да патува со екипата на мечот со Ал- Фатех. Карим Бензема пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три години. Французинот играше за договор вреден над 100 милиони евра годишно, кој истекува на крајот на јуни оваа година.
Ал-Итихад сака 38-годишниот Французин да остане во клубот. Бензема немал ништо против идејата сè додека не ги слушнал деталите од договорот што му бил понуден.
Саудијците наводно побарале од Бензема да игра бесплатно. Тие се надевале дека тој ќе се согласи да нема фиксна плата, туку да добива 100 проценти од заработката од правата на неговиот имиџ и работа. Иако францускиот напаѓач добива и повеќемилионски бројки од ова, тој се чувствувал навреден од понудата на клубот. Тој ја смета за непочитувачка и одби да патува на натпреварот.
Така, тој јасно испратил порака до клубот дека не сака да игра бесплатнo.










