Новак Ѓоковиќ одлучи да не излезе на терен

656
Фото: BNP Paribas Open@BNPPARIBASOPEN

Новак Ѓоковиќ денешниот ден пред финалето ќе го искористи за одмор и нема да тренира, го објави ова веднаш по натпреварот и победата над Јаник Синер во полуфиналето.

Новак помина повеќе од четири часа на теренот и ќе треба да се опушти пред неделното финале.

„Ќе има многу закрепнување, утре сигурно нема да има тренинг. Можеби активно закрепнување во теретана и тоа е тоа. Има многу работи, не сакам да откривам на јавноста што правиме, но имаме протокол до кој ќе се придржуваме, па ако даде Бог“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ќе игра против Карлос Алкараз во финалето, во недела во 9:30 часот.

„Го победив тука минатата година, исто така во многу исцрпувачки натпревар. Ќе видиме колку свежи ќе бидеме двајцата. И тој имаше тежок натпревар, но е 15 или 16 години помлад од мене. Биолошки гледано, неговото закрепнување веројатно ќе биде полесно“, истакна Новак.

ПретходноМакедонија без најдобриот тенисер во Кипар
СледноАО: Рибакина ја “скрши“ Сабаленка и го освои трофејот во Мелбурн!