По се она што се случува на ЕП 2026, посебно кога станува збор за репрезентацијата на Хрватска, денеска како да е помирно во таборот на “коцкестите“. Четата на селекторот Дагур Сигурдсон утре ја чека битка за бронзата и тоа против “негиовиот“ Исланд, па денеска на пресот Исланѓанецот не беше така нервозен како вчера и завчера пред полуфиналето со Германија.
Хрватска има уште еден судир со Исланд, репрезентацијата на сонародниците на тренерот, пред себе, а тој откри како тимот се подготвува за тој натпревар.
„Имаме многу проблеми, ги решаваме во од. Се обидуваме да го извлечеме максимумот од тимот за следниот натпревар.Никогаш не е лесно да се игра против истиот противник двапати, ова се тешки натпревари. Подготовките се исти како и за секој друг натпревар: тренинг, нова анализа на Исланд. За мене, тоа е нормално“, објасни Сигурдсон.
Тој исто така нагласи на што неговиот тим мора да обрне посебно внимание во натпреварот за бронзениот медал.
„Тие имаат одлични поединци, но ние мора да се фокусираме на целиот тим, не само на Магнусон и Кристјансон, иако тие се од светска класа. Нашата одбрана беше една од најдобрите на целиот турнир, па се надевам на добра одбрана и голмани во недела“, рече хрватскиот тренер. И покрај горчливото полуфинале, генерално е задоволен од она што тимот го направи досега.
„Да, бидејќи пред почетокот на Европското првенство, полуфиналето беше целта и го постигнавме тоа. Сега сме целосно фокусирани на бронзениот медал“, нагласи тој.
Конечно, тој се осврна на пошироката слика и промените во ракометот по неговата лута прес-конференција:
„Среќен сум што ЕХФ ги прифати замерките и што ќе се обидат да ги променат работите во врска со ракометот. Тоа е најважното нешто. Фокусиран сум на тимот и на тоа да се подготвам што е можно подобро за она што доаѓа“, заклучи Сигурдсон.










