Со поените на Парсонс на 12.секунди пред крајот, Тиквеш славеше со минимални 79-78 против Кожув на гостински терен во меч од 13. коло во Супер-лигата. Ова беше петти триумф за кавадарчани сезонава, имаат и осум порази. На другата страна пак Кожув го запиша шестиот пораз, има и седум победи.
Американецот Парсонс дополнително слободно фрлање. Не го реализираше, им отвори шанса на гевгеличани за победа, но не ја искористи Пурвис.
Парсонс заврши и како најефикасен во победничката екипа со 23 поени, додека на другата страна Вашингтон беше прв стрелец со исто толку поени.
Пелистер фати победнички ритам, славеше против Чаир на гостински терен со 99-107 после продолжение. Битолчани имаат девет победи и четири порази, остануваат на два бода зад МЗТ Скопје, три зад лидерот ТФТ.
Иако на стартот на последната четвртина се чинеше дека Пелистер лесно ќе ги освои бодовите, сепак домашниот тим не се предаде и на негатива од 12 поени (73-85). На минута до крајот, Чаир со серија од 15-4 дојде на негатива од еден поен (88-89), а потоа и да се избори за продолжение (91-91). Во дополнителните пет минути битолчани не му дозволија на противникот да приреди целосен пресврт и дојдоа до бодовите.
Стајиќ имаше 25 поени кај победникот, три помалку запиша Малешевиќ. На другата страна Билингслеј запиша 29 поени и 12 скока.










