Хамбургер успеа да го запре шампионот

47
фото: Hamburger SC (X)

Фудбалерите на Хамбургер ремизираа 2:2 на домашен терен со Баерн Минхен во натпреварот од 20-то коло од германската Бундеслига. Помина долго време откако едно од најголемите дербија во Германија беше толку возбудливо и неизвесно како вечерва, а за тоа се погрижија фудбалерите на двата тима.

Особено се истакна суперталентираниот 18-годишен хрватски интернационалец Лука Вушковиќ, кој со гол, но и со нова зрела игра, покажа дека е еден од најталентираните фудбалери во Европа.

Виера со гол од пенал го отвори резултатот, додека Баерн направи целосен пресврт со головите на Кејн и диаз, пред Вушковиќ да ги потврди конечните 2:2.

ПретходноЧелзи се врати од 0:2 и го совлада Вест Хем
СледноТофаш на Рајковиќ никако да победи на гости