Челзи се врати од 0:2 и го совлада Вест Хем

60
фото: Chelsea FC (X)

Фудбалерите на Челзи остварија победа со пресврт против екипата на Вест Хем со 3:2 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Домашните фудбалери имаа негатива од два гола на полувреме, но во вториот дел успеаја целосно да се вратат и да се вратат во трката за ТОП-4.

Вест Хем рано поведе со голот на Боувен во 7-мата минута, а Самервил ја зголеми предноста за „чеканите“ во 36-тата минута. На полувреме Розениор направи дури три замени и Челзи започна да го притиска гостинскиот тим. Жоао Педро постигна гол во 56-тата минута, а Кукуреља донесе изедначување 14 минути подоцна. Челзи се мачеше да стигне трет гол, но Енцо Фернандез успеа да ја затресе мрежата на Вест Хем во 92-та минута.

Со оваа победа Челзи се наоѓа на 4-тата позиција на табелата со 40 бода, а Вест Хем е на 18-тото место со само 20 бода.

ПретходноЕлиф и Наполи со триумф над Фиорентина
СледноХамбургер успеа да го запре шампионот