Арсенал ја покажа силата против Лидс

33

Тимот на Арсенал забележа висока и убедлива победа денеска во новото Премиер лигашко коло на гостувањето кај Лидс од 0:4.

По само 27. минути игра Зубименди погоди за 0:1, за да Дарлоу потоа си постигне автогол и биде 0:2. Ѓокереш во 69. минута направи 0:3, додека пак Габриел Жезус во 86. минута ги постави конечните 0:4.

Вулверхемптон пак на домашен терен не успеа да обезбеди ниту бод и загуби во дуелот со Борнмут од 0:2. Творци на гостинската победа се Крупи и Скот.

Конечно, во третиот дуел од пладневниот термин, тимот на Брајтон како домаќин имаше водство од 1:0 против Евертон до седмата минута од судиското продолжение, а тогаш Бето погоди за изедначување и спасоносен бод за гостите.

 

ПретходноМаинц го „шокираше“ Лајпциг на негов терен
Следно„Сити Парк Бојс“ со нов транспарент против управата на КК Работнички