Фудбалерите на Барселона го победија Елче како гости со 3:1 во натпреварот од 22-то коло од шпанската Примера. Екипата на Ханси Флик се врати на победнички колосек по поразот во Сан Себастијан, а вечерва без поголеми проблеми го остварија четвртиот триумф во сите натпреварувања.
Иако Барса поведе веќе во шестата минута кога Ламин Јамал го искористи додавањето на Олмо, тоа не значеше дека нема да има проблеми за Каталонците. Во контранапад во 29-тата минута Алваро Родригез рутински го совлада немоќниот Гарсија, со што го израмни резултатот на 1:1.
Следеше одлична офанзива на Барселона, а Феран Торес во 40-тата минута ги донесе гостите до 1:2. Влегувањето на Маркус Рашфорд на полувремето донесе нова енергија во тимот на „блауграна“, па англискиот интернационалец, по одлична продорна акција, ги постави конечните 1:3.










