Баскет Кам и Бадел 1862 според планот!

44

Екипите на Баскет кам и Бадел 1862 дојдоа до уште два, би се рекло и планирани бода во вториот круг од натпреварите во Првата лига жени.

Баксет Кам славеше против Спорт Тим на гости со 57:92. Ова беше натпревар на даббл-дабл ефекти на двете страни. Димова имаше 23 поени и 12 скока, Поп – Димитровска и Дојчинова ја следеа со по 18 поени. Во домашниот состав, Динова броеше до 18 поени, Митановска имаше 13, а Лукиќ заврши со дабл-дабл од десет поени и исто толку скокови.

Бадел пак запиша две победи во низа, овој пат против Патриот од 106:46.  Се беше јасно по првата четвртина, па оние три кои останаа за доигрување, беа нешто посилен тренинг.

Баделки ги предводеше Клири со 21, Петрушевска имаше 14, Николов 12, Ј.Чолакоска и Бошкова по 11, а Анастасова и И. Чолакоска дојдоа до десет. Кај Патриот 2016, Атанасовска постигна 13, а Ангеловска 12.поени.

Денеска од 19.чаот, ќе играат МЗТ Бела вода и Пробаскет, а својот меч од ова 11. коло, екипите на Вардар и на Крива Паланка ќе го одиграат на 4. февруари.

ПретходноДанска сонува за „триплета“, Германија има една цел – да ја расипе забавата во Хернинг!
СледноАлкараз е освојувач на Австралија Опен